Францускиот стручњак Зинедин Зидан е најновото и најзвучното име кое последниве недела дена се споменува за нов менаџер на Челси. Моменталниот, Маурицио Сари се наоѓа пред отказ, после лошото продолжување на сезоната, откако добро ја започна во Премиер лигата.
Дека трикратниот освојувач на титулата во Лигата на Шампиони како тренер Зидан доаѓа на сигурно и проверено место покажуваат неговите услови кои им ги постави на „сините“ и сопственикот Роман Абрамовиќ.
За почеток, Французинот сака продолжување на договорот со првата ѕвезда во екипата Еден Азард. Зидан репрезентативецот на Белгија го гледа како носител на планот кој го сака да го спроведе. Вториот услов и многу голем е финансискиот надомест кој го сака Зидан за купување на фудбалери. Поранешниот тренер на Реал Мадрид посакува 200 милиони буџет за засилувања по своја мерка.
Ако овие два услови ги обезбеди рускиот тајкун Абрамович ќе може да седне на маса и да пушти рака со Зидан кој имаше историски успех со „кралевите“ победувајќи во три финалиња во ЛШ едно по друго.
OhridNews