Францускиот стратег Зинедин Зидан не го криеше задоволството од враќањето во Реал Мадрид и новата соработка со првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез. Популарниот Зизу замина после победата над Ливерпул во финалето во Лигата на Шампиони, а се врати по неуспехот на Хулен Лопетеги и Сантијаго Солари да ја продолжат неговаа успешна работа.

Си заминав од клубот бидејќи тоа беше потребно за сите. Мене ми беше потребна промена, на тимот му беше потребна промена после сезоните во кои освоивме се. Сепак, ми се јави Флорентино, а бидејќи многу го сакам него и овој клуб, сега повторно сум тука пред вас. После девет месеци, повторно имам мотив да тренирам. На крајот на минатата сезона ја донесов таа одлука за доброто на сите, но сега сум тука да му помогнам на клубот. Целта е да го вратиме Реал онаму кадешто припаѓа, знам дека одговорноста е навистина голема. Ќе дадам се од себе за да бидеме добри во иднина. Работи ќе менуваме за наредната година. Сега, не се работи за тоа. Најважно е дека се вратив. Пред нас се 11 натпревари и сакаме добро да ја завршиме сезона. Имав многу понуди од други клубови, но ги одбив зошто сакав да се вратам тука. – изјави Зидан.

Зидан кој со Реал Мадрид освои три последователни титули во ЛШ и стигна до два трофеи на Светското клупско првенство ново деби на клупата ќе има против Селта Виго во шпанската Ла лига.

OhridNews