Со ѕид ќе се заштитува Охридското Езеро од загадувањето кое го предизвикува рудникот за јаловина во Албанија. Од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро, информираат дека по бројни конуслтации и преговори, постигнат е договор за заштита на езерото од опасниот отпад што го произведува рудникот.

 – Билатералниот секретаријат за Охридското Езеро одамна ја има идентификувано јаловината од рудниците на албанскиот дел на брегот на Охридското Езеро како проблематичен појас. Но,токму како резултат на залагањата на Билатералниот секретаријат албанската страна изминативе години презеде активност за остранување на голем дел од јаловината од брегот на езерото и изградба на непропустен зид како одбрана од евентуално излевање на јаловината во езерото. Секретаријатот организираше и заеднички мерења на квалитетот на водите на езерото во тој појас каде е утврдено дека нема прекумерно загадување од аспект на присуство на тешки метали во водите, изјави Дејан Пановски, македонски претставник во Билатералниот секретаријат..

Тој истакна дека согласно  студијата на УНДП и препорака на меѓународни донатори ќе се инвестира во финална дислокација на јаловината и во ремедијација на појасот кој на крајот треба да заврши како најуредената плажа на албанската страна на езерото.

– Како Секретаријат задоволни сме што уште едно жешко прашање околу заштитата на езерото е идентификувано, сензибилизирана е и меѓународната заедница и ќе биде и решено, додаде Пановски.

OhridNews