И покрај дефицитот од медицински персонал Јавната здравствена установа Нефрологија Стругa успешно се справува со секојдневните предизвици. Недостасуваат околу 25 лекари, медицински сестри, болничари и хигиеничари вели директорот на болницата, Јетмир Зиба, но очекува дека со најавата на Министерството за здравство за нови вработувања на почетокот на идната година ќе се зголеми бројот на медицинскиот персонал, а со тоа и квалитетот на услугите.
Имаме дефицит на лекари, медицински сестри, болничари, хигиеничари. Моментално бројот на вработени е 226, но имаме ветување дека набргу со реализација на проектот за вработување во сите медицински установи овој недостаток ќе го надополниме, изјави Зиба.
Според него, во болницата потребни се 7 -8 лекари, 15 медицински сестри, како и хигиеничарки и болничари, но бројот ќе се зголемува поради порастот на пациенти со кои имаат потреба од хемодијализа.
Бројот на пациенти кои имаат потреба од хемодијализа е во пораст, а најголеми причинители се дијабетот и хипертензијата, подвлече Зиба.
Во Нефрологија Струга минатата година изведени се 16.000, а од основањето на болницата над милион хемодијализи.
OhridNews