Наскоро ќе се формира нова партија или движење на Албанците, пишува Дојче Веле.
– Ваквата најава, која се‘ почесто се спомнува во политичките кулоари, ги разгоре шпекулациите за тоа кој ќе ја формира партијата и каква идеологија ќе има таа. Како иницијативно јадро за формирање на партијата се‘ почесто се спомнува градоначалникот на Струга, Зиадин Села, заедно со група интелектуалци и публицисти. Споменатите не сакаат во овој момент јавно да ја коментираат ваквата најава, но дел од нив признаваат дека „на терен постои силен притисок и разговори за формирање нов политички субјект, кој конечно темелно и конзистентно ќе ги застапува интересите на граѓаните Албанци, кои одамна се заборавени од ДУИ и ДПА“. Според нив, тие активности бараат време и темелна работа, се наведува во текстот на Дојче Веле .
OhridNews
извор DW