Градоначалникот на Струга Зијадин Села и формално е избран за претседател на Движењето за реформи на ДПА.На паралелниот конгрес на ДПА што се одржа денеска во Тетово, тој ја доби довербата од делегатите да го предводи крилото кое бара реформи во партијата.

Во обраќањето пред 617-те делегати, Села вети дека ќе работи на реализирање на платформата на Арбен Џафери и дека нема да се откаже од нејзините принципи само поради некој тендер или за да влезе во владата, пренесува „Утрински весник“.

Села истакна дека најпрвин ќе се обрати до, како што го нарече, поранешниот претседател на партијата Мендух Тачи и ќе побара од него да ги врати печатите. Во спротивно, битката за партијата ќе заврши на суд, додаде Села, кој смета декасите аргументи ќе бидат на негова страна.

Доколку не ја добие судската разрешница Села најави формирање на нова партија. 

На  конгресот во Тетово денеска присуствувале поранешни блиски соработници на Тачи кои подолго време беа дистанцирани од ДПА меѓу кои беа и Ружди Матоши, Алајдин Демири, Рефет Елмази, Гариб Каба, Агон Ферати…

OhridNews
извор: „Утрински весник“