Во Струга на 23- ти јули, со почеток во 11.30 часот, во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“  ќе се одржи  јавна дебата на која ќе се говори за урбаниот развој и културата на градот.

Дебатата е насловена „ Струга – 2014” – Културно планирање за урбан развој во туристички и креативни градови“, а на неа ќе земат учество градоначалникот на Струга  Зиадин Села , како и еминентните историчари  Владо Поповски и Скендер Асани. Ќе се зборува околу грижата за заедничкото минато, како и заедничкото културно и духовно наследство на заедниците во Македонија.  

– Посебно внимание ќе им се посвети на монументите кои секојдневно ни пренесуваат пораки во корист, а често и на штета на денешнинцата, сето ова ставено во контекст на градот Струга, денеска и овде, велат организаторите.  

Настанот се организира во рамки на патувачката изложба МОНУМЕНТИ, од страна на германската организација Форум Цивилен Мировен Сервис (Форум ЗФД) и во соработка со ДРИМ ОН Фестивалот.

OhridNews