Ако Интер не се пласираше во наредната фаза, главен виновник ќе беше чуварот на мрежата на “нероазурите“ бразилецот Жулио Цезар. Со киксот на домашен терен Цезар им овозможи предност на “баварците“, но бразилецот очигледно не ја научи лекцијата и повторно, овој пат на реваншот, му сервираше топка на Марио Гомез за израмнување.


Морам да му се заблогадарам на Господ. Кога ја видов топката во мрежата по шутот на Пандев се расплакав како мало дете. Во текот на натпреварот бев многу разочаран поради моите грешки кои ги направив, едноставно сакав да го напуштам натпреварот и да си заминам од стадионот. Ќе морам да извлечам поука од овие два пеколни натпревари -изјави Жулио Цезар.


Ждрепката за 1/4 финалето во Лигата на Шампиони е на 18 март (петок).

Мх.П.