Британската полиција предупреди дека можеби никогаш нема да ги идентификува луѓето кои загинаа во огнот што ја зафати „Гренфел тауер“ во Лондон. Спасувачки екипи трет ден трагаат по тела. Досега е потврдено дека 17 луѓе загинале во пожарот, а се стравува дека бројот би можел да се искачи до 60.

Британската премиерка Тереза Меј вчера најави целосна јавна истрага за причините за трагичниот настан. Полицијата соопшти дека е покрената криминална истрага за инцидентот што ја потресе јавноста. Меј, која беше критикувана дека не ги посетила настраданите, рече дека жртвите „заслужуваат одговори“.

OhridNews
Макфакс