Министерството за труд и социјална политика , во соработка со мисијата на ОБСЕ, спроведува проект со кој се промовираат еднаквите можности меѓу мажите и жените. За таа цел избрани се 15 градови, меѓу кои и Охрид.
Правниот застапник, кој воедно е државен службеник во МТСП, надлежен е за водење на постапката за утврдување на нееднаков третман на мажите и жените. Самата постапка е бесплатна, со нула денари административни трошоци за оној кој го пријавува случајот.
Правниот застапник не одлучува, не донесува одлуки и решенија, туку само дава правно мислење, кое пак не е правно обврзувачко, за лицето кое ја сторило дискриминацијата. Вака изготвеното мислење, се доставува до надлежниот инспекциски орган кој врз основа на мислењето на застапникот, изготвува решение кое лицето кое извршило дискриминација е задолжено да ги отстрани тие неправди.