Една холанѓанка го однела човекот кој ја силувал со неговиот автомобил во полициска станица, откако овој заспал  во автомобилот после силувањето.

Холандските медиуми објавиле дека Випул Шарма (22) запознал неименувана жена во бар, ја однел со автомобилот во парк и ја силувал на задното седиште.


После нападот, Шарма заспал и жената го однела со автомобилот во полициска станица, каде што бил уапсен.

„Жената покажа многу храброст и здрав разум. После се низ што помина, и се восхитувам на нејзиното дело“ – рекол детективот од полициската станица.