Македонскиот ракометен првак во женска конкуренција, Вардар со полна пареа тренира во Охрид каде ќе одработи петдневни подготовки.


Избраничките на Индира Кастратовиќ имаат по два тренинзи дневно. Во претпладневниот се работи во фитнес центарот „Фит Форм“ додека попладне во арената „Билјанини Извори“.

Во тимот недостасува Андреа Лекиќ која отсуствува поради настинка. Таа на екипата ќе и се приклучи в среда.


„Вардарки“ во Охрид ќе останат до петок попладне, а потоа во Скопје ќе ги финилизираат подготовките за престојната сезона во Лигата на Шампиони и националниот шампионат.

Мх.П.