Германската репрезентативка Ања Алтхаус е нова ракометарка во шампионскиот мозаик на женскиот ракометен клуб Вардар.

Алтхаус, која доаѓа од тимот на Турингер „црвено црните“ редови ќе ги засили од наредната сезона кога и завршува договорот со актуелниот Европски првак, а со македонскиот првак потпиша двегодишен договор.

Искуната ракометарка е трето засилување за новата сезона на Вардар по ангажманот на Андреа Пенезиќ и Барбара Лазовиќ.

Сезонава избраничките на Индира Кастровиќ покажаа дека се решени да ја покорат Европа, а засилувањата од светска класа само се потврда на тоа.

Мх.П.