На почетокот на подготовките за новата натпреварувачка сезона во Вардар ќе се приклучи и средниот бек Дијана Илина од Белорусија. Таа во Вардар ќе остане во следните три сезони и е вкупно петтата нова ракометарка во скопските редови.
Илина има 20 години и е репрезентативка на Белорусија од својата 17 година. Доаѓа од екипата на првакот на таа земја Гомељ и сезоната ја заврши со титула во Белорусија и во Балтичката регионална лига. Има интернационална кариера со тимот на Астраханочка во Русија, каде настапуваше во есенскиот дел од ланската сезона. Потоа се врати во Гомељ.
Во сезоната 2014/2015 за Астраханочка даде и 13 гол во ЕХФ купот. Тогаш го освои и третото место во првенството на Русија. Две сезони, од 2012 до 2014 играше во Гомељ, Белорусија по што следеше трансфер во Астраханочка. Од 2013 година настапува и за сениорската репрезентација на Белорусија.
– Со трансферот во Вардар сакам да преминам на нов стил во играта. За ваква понуда и трансфер, да бидеш во друштво на вакви играчи како што сега има Вардар е сон на секого. Многу сум среќна поради ваквата промена во мојата кариера. Очекувам многу добри работи во иднина во мојата игра и развој како играч. Сакам да преминам на повисоко ниво и да го почувствувам овој квалитет на играта. Ќе се трудам да дадам максимум во сето тоа. – изјави Илина за преселбата во Вардар.
Македонскиот шампион некомплетен ги почна подготовките, а ќе се екипираат по завршување на Олимпијадата каде „црвено црните“ имаат неколку преставнички.
OhridNews