Женскиот ракометен клуб Лихнид ја забележа втората победа сезонава во Пионерската лига, откако пред своите гледачи славеше против екипата на Ринија со 19-13 (11-6) во третата рунда од шампионатот.
„Китовите“ прво поведоа со 3-0, потоа со 5-1 и уште на стартот силно и мотивирано тргнаа во атак на бодовите. Предноста од три-четири голови варираше до финишот на првиот дел кога домашните ракометарки со два голови во серија обезбеди пет позитива (11-6).
После пет минути игра во второто полувреме избраничките на Филип Јованоски и Билјана Богданова-Смилевска стигнаа до најголема предност седум голови (14-7). До крајот на мечот гостите успеаја да надохнадат само еден погодок за конечни (19-13).
Маја Кутаноски и Драгана Усовиќ постигнаа по пет голови, четири реализираше Кристина Котеска, три пати прецизна беше Мендувие Далипоска, а два зад своето име запиша Јана Ангелоска.
Во четвртата рунда ракометарките на Лихнид гостуваат кај тимот на Алушевски.
OhridNews