Сите заинтересирани девојчиња на возраст од 14 години и помали кои сакаат да ги откријат тајните ракометот можат да се приклучат на женскиот ракометен клуб Лихнид кој пет полни години успешно партиципира во Охрид.


Тренинзите ЖРК Лихнид ги одржува во спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ под палка на лиценцирани тренери според сите стандарди од Ракометната федерација на Македонија.


Популарните „китови“ се натпреваруваат во две младински лиги и котираат високо на табелата, а од резултатите и професионалноста нема подобра покана за девојчињата кои имаат желба и талент за ракомет.

OhridNews