Охрид како град е докажан расадник на успешни спортисти и таленти во разно разни спортови. Еден таков пример доаѓа од Женскиот ракометен клуб Лихнид кој со работа започна во 2012 година под името Моби Дик. Се работи за Викторија Алексиоска која втора сезона по ред ќе ги брани боите на германски Франкфурт. Екипата на Франкфурт се натпреварува во една од најквалитетни регионални лиги во женскиот ракомет.

Како клуб никогаш не сме објавиле, ниту сме се пофалиле со трансферот на Алексиоска во Германија. Но сега одлучивме дека е прав момент, бидејќи таа ги пакува куферите на својот роденден. Од се срце и посакуваме успех во новата сезона и среќен роденден! – велат од клубот.

Викторија Алексиоска во одбележјата од германски Франкфурт

 

Алексијоска беше дел од екипата која го освои бронзениот медал на завршниот турнир во кадетска конкуренција и сениорскиот колектив кој триумфираше во Првата лига, но не заигра во Супер лигата.

Нашата Вики е многу добра ракометарка, а уште подобра другарка. Во соблекувалната беше забавно со неа , а незаборавни моменти со неа се долгите клупски патувања. – коментираат ракометарките кои играа со Алексиоска.

20-годишната Алексиоска настапува на средната бековска позиција, а добра се снаоѓа и на позицијата лев бек.

OhridNews