Ракометната федерација на Македонија (РФМ) задачата да го организира завршниот Ф4 турнир во кадетска конкуренција му ја додели на женскиот ракометен клуб Лихнид од Охрид.


– Довербата од РФМ покажува дека во клубот работиме во вистински правец. Ни преставува голема чест што ќе бидеме домаќини, а и одговорност секако затоа што во Охрид ќе допатуваат најдобрите четири од Македонија во кадетска конкуренција. Исто така во клубот се радуваме за ракометарките кои на домашен терен ќе имаат можност да го покажат најдоброто од нив. – рече за Ohrid News, Билјана Богданова-Смилевска.

Покрај охридскиот клуб на завршниот турнир кој ќе се одржи в недела на 2 април ќе учествуваат скопските екипи Вардар и Металург и составот на Куманово.


В недела претпладне во полуфиналните пресметки ќе се сретнат Лихнид – Металург односно Вардар – Куманово, додека финалните мечеви се закажани за попладне.

Мх.П.