Ракометарките на Лихнид го покажаа вистинското лице на дуелот со Металург кој го добија со 27-22 (13-7) пред своите гледачи во рамките од Кадетската лига.

„Китовите“ со победата над „металурзите“ се вратија во игра за плејофот и потврдија дека поразот од Стружанка беше само лош ден и меч за заборав.

Во листата на стрелци се истакна Ивона Блажеска со 13 голови, пет реализираше Теодора Балоска, а еден помалку Тамара Маркоска. По двата пати мрежата ја погодија Марија Петреска и Николина Угриноска, а еднаш прецизна беше Драгана Усовиќ.

OhridNews