Квалификациските натпревари за влез во Третата МФЛ Југозападен регион се закажани за сабота  12 јуни. Викендов се игра последната рунда од првенствата во регионот по што во среда ќе биде извршен ждребот кој против кого ќе игра за влез во третата лига.


Победник во охридската општинска лига е екипата на Лешани која во финалето од разигрувањето беше подобра од Дебрца со 3-0.

М.П.