Во седиштето на УЕФА во Нион денеска напладне со жрепка ќе бидат одредени дуелите од четвртфиналето и полуфиналето во фудбалската Лига на шампиони.

Пласман меѓу осумте најдобри екипи обезбедија три шпански екипи (Атлетико Мадрид, Реал Мадрид и Виљареал), три англиски (Челзи, Манчестер сити и Ливерпул), и по една од Португалија (Порто) и Германија (Баерн Минхен).

Првите четвртфинални натпревари ќе се играат на 5 и 6 април, а реваншите на 12 и 13 април. Термините за полуфиналето се 26/27 април и 3/4 мај, додека финалето ќе се игра на „Стад де Франс“ во Париз, на 28 мај.

OhridNews