Фудбалерите на Ливерпул потешко од очекувањата го совладаа Вест Хем со 2-1 (1-1) и ги освоија трите бодови во пресметката на Енфилд Роуд. Наспроти Ливерпул, Челси го надигра Барнли и славеше триумф од 3-0 (1-0).

Херој на „црвените“ беше Жота кој влезе од клупата и го постигна погодок за победа. Претходно, Вест Хем поведе со голот на Форналс, а Ливерпул изедначи преку Салах.

„Сините“ го одиграа најдобриот меч сезонава и лесно се справија со Барнли. Со голоите на Зијеш, Зума и Венер забележаа рутинска победа на гостински терен.

  • Резултати:

Шефилд Јунајтед – Манчестер Сити 0-1

Ливерпул – Вест Хем 2-1

Барнли – Челси 0-3

OhridNews