Познатата холивудска актерка Кејт Хадсон од ден во ден ни покажува дека тешко може да оддолее на актуелните трендови, токму како и поголемиот број нејзини колешки од сцената. Уште кога ќе го додадеме фактот дека поголемиот дел од дизајнерската облека го добива на домашната адреса потполно бесплатно, јасно е кој е заслужен за нејзините беспрекорни трендовски изданија.
Последниот новитет кој се вовлекол во нејзиниот ормар е најновиот хит на Криситијан Луботин – чевли во шпиц, во жолта боја. Кејт деновиве не се одвојува од нив и не е тешко да се погоди зошто, бидејќи овие чевли се во состојба да ја подигнат дури и наједноставната комбинација. Убавата актерка ги комбинирала со црно тесно здолниште, маица со принт и чантичка на Шанел, а овој елегантен дневен стајлинг е надополнет со Реј-Бан очила со огледални стакла.
извор:fashion.hr