Со ракометот завршивме во 2008 година, со ракометот ја отвараме новата 2009 година.

Машката ракометна репрезентација со настапите на „Жолтиот Куп“ во Швајцарија ќе ја даде првичната слика за подготвеноста на репрезентативците пред престојниот Мундијал во Хрватска (16.01- 01.02. 2009 г)

Турнирот кој ке биде последна проверка пред настапот во Хрватска , селекторот Темелковски ке ги воигрува комбинациите и варијантите кои треба да ни донесат успех на планетарниот собир,

Поради повреди Темелковски дома ги остави Стојаноски и Димоски.

Турнирот започнува денеска, а Македонија игра против Саудиска Арабија. Во натпреварот утре играме против Турција додека в Недела против домаќинот Швајцарија.

М.П.