Фудбалската јавноста во Франција остана шокирана, откако бразилскиот ас Нејмар од главниот судија доби жолт картон за дриблинг. Судијата го опоменал Нејмар за провокативен и потценувачки дриблинг кој се рачуна како неспортски потег и се казнува со жолт картон. Бразилецот тешко го поднесол жолтиот картон и на социјалните мрежи постави своја слика и напиша „Јас само играм фудбал“.

OhridNews