Фудбалерите на Тотенхем претрпеа минимален пораз 1-0 на гостувањето на „Сент Мери“ стадионот од Саутемптон во првиот натпревар од Новата 2020 година. Да не се пишува премногу за поразот на „петлите“ се погрижи Жозе Мурињо, кој од својата клупата отиде на противничката и ја гледаше тактиката која ја подготвуваше еден од помошниците на главниот менаџер Ралф Хазенхутл.

За прекршување на правилата и прописите, главниот судија Мајк Дин му додели жолт картон, а Мурињо го прифати и после мечот изјави дека заслужил и зошто го направил тоа.

Бев безобразен. Нема дилеми дали го заслужив жолтиот картон. Му реков тешки зборови и бев безобразен кон еден идиот. – истакна Мурињо.

Англиските медиуми, веднаш се впуштија во потрага да откријат зошто реагирал така и што го налутили Мурињо покрај аут линијата.

OhridNews