Жолт дијамант во облик на крушка би можел да достигне цена од 11 до 15 милиони долари на аукција која ќе биде организирана следната седмица. Таканаречениот „Сончев дијамант“ е со силна жолта боја и е најголемиот дијамант од својата врста со 110,3 карати. Шефот на одделението за накит на аукциската куќа, Дејвид Бенет, изјавил дека дијамантот бил тежок баш како и што изгледал.

Дијамантот го продавала компанијата „Кора интернешнл“, која и го пронашла минатата година во Јужна Африка. Бенет додал дека на некои луѓе им е многу привлечна идејата да носат камен кој милиони години лежел недопрен во земјата. Аукцијата била закажана за 15 ноември во Женева.