Португалскиот фудбалер Жоао Феликс тргна по стапките на својот сонародник Кристијано Роналдо, аргентинскиот виртуоз Лионел Меси, легендата на Манчестер Јунајтед Вејн Руни и француската супер ѕвезда Килијан Мбапе триумфирајќи во изборот за најдобар млад фудбалер за годината што изминува.
Феликс кој моментално настапува во дресот на Атлетико Мадрид наградата ја прими на гала церомонијата која синоќа се одржа во Торино. Репрезентативецот на Португалија во трката за награда ги победи Жадон Санчо, Каи Хавертц и Ерлинг браут Халанд. Минатата година за најдобар прогласен беше Матијас де Лихт.
Наградата за најдобар млад фудбалер ветува многу, бидејќи претходно освојувачи на престижното признание од италијанскиот весник „Тутоспорт“се Роналдо, Меси, Руни, Мбапе и други фудбалери кои направиле завидливи и успшени кариери.
За најдобар менаџер во фудбалот прогласен беше Жорже Мендес кој е застапник на Феликс и Кристијано Роналдо, а наградата за најдобар спортски директор замина во рацете на претставникот од Јувентус кој забележа голем подем во маркетингот.
OhridNews