„Црвено црните“ се на прагот да го доведат првото засилување во зимскиот преоден откако во сериозни преговори со клубот влезе левиот бек Жоан Кањелјас.


Шпанскиот репрезентативец во живо од трибините го следеше мечот меѓу женскиот ракометен клуб Вардар и Савехоф во рамките од Лигата на Шампиони.

Вардар мора брзо да реагира по заминувањето на Блаженко Лацковиќ во Кил, повредата на Игор Карачиќ и најавата за раскин на договорот со Сергеј Горбок по завршувањето на сезоната.

Македонскиот шампион исто така се поврзува со хрватскиот репрезентативец Иван Чупиќ кој би го заменал Матијаж Брумен на крилната позиција.

Фото: Gol.mk
OhridNews