Со ревијален натпревар помеѓу сегашните и поранешните кошаркарки, торта и евоцирање на спомени во Спортската сала „Нико Нестор“ одбележан беше јубилејниот десетти роденден на Женскиот кошаркарски клуб Струга од Струга.

Клубот предводен од Владимир Ѓоровиќ во десетгодишното постоење стана заштитен знак за работа во младинските категории. Моментално во младинската репрезентација има осум кошаркарки а боите во сениорската селекција ги бранат две кошаркарки.

Во десетгодишното постоење, ЖРК Струга, има освоено шест титули во младинска конкуренција. Минатата година се закити со шампионската титула во кадетска и пионерска конкуренција, а сениорките стигна до полуфиналето во Купот на Македонија и националниот шампионат.

OhridNews