Според наводите на списанието Форбс, бразилката манекенка заработува дури 128 илјади долари дневно. Тоа значи дека Жизел заработува 5300 долари на час, односно 88 долари во минута. Кога сето тоа ќе се пресмета, таа годишно инкасира дури 47 милиони долари. Волку голема заработка не е изненадување во светот на модата, бидејќи таа е најзастапен модел со долгогодишно искуство. Втора на листата е Миранда Кер, миленичката на Австралија.
Жизел ја откриле модни агенти кога имала само 14 години додека пазарела во трговски центар во Сао Паоло. Слава стекнала 1996 година на модната седмица во Њујорк. Речиси две децении оттогаш нема модна или козметичка марка за која таа не позирала. Бразилката има и своја линија долна облека и колекција сандали за плажа при компанијата Ипанема. Верувале или не, годишно се продаваат 25 милиони пара такви сандали.