Супермоделот Жизел Бундшен и нејзиниот сопруг Том Брејди, пред три години купиле куќа во Бретвуд, која сега ја реновирале така да потсеќа на дворец. Популарниот пар вложил 20 милиони долари за реконструкција на куќата. Во дворот на вилата имало базен и голем простор за забава кој бил окружен со канали како во дворците од средниот век.
Во куќата имало осум спални соби, вински подрум, теретана и гаража со место за шест автомобили. Жизел и Том наскоро со своите дева ќе се преселат во куќата и планираат да користат соларна енергија како главен извор за струја. Тоа ги прави среќни бидејќи ќе бидат еколошки одржливи, и ќе можат да садат свои овошки, зеленчук и билки, што, како што навела Жизел, воедно е нивни омилен дел од куќата.