Бразилската манекенка Жизел Бундшен изјавила дека и се променил животот кога го родила синот Бенџамин во декември 2009 година. Оваа убавица која има 30 години обожува што е мајка и вели дека за неа не постои ништо поубаво од чувството кога ќе се врати дома по напорниот ден со работни обврски.
Жизел рекла и дека породувањето и траело долго, но не било нималку болно. Додала дека кога прв пат го здогледала Бенџамин ја почуствувала безусловната љубов. Најплатената манекенка на светот е во брак веќе две години со ѕвездата на американскиот фудбал Том Брејди, за кого се омажила два пати, еднаш во Калифорнија, а вториот пат во нејзината куќа во Костарика.