Жизел Бундшен во тајност посети ординација за естетска хирургија во Париз, каде наводно имала неколку пластични операции. Славната манекенка, која неодамна се повлече од модната сцена, навлече критики на себе, затоа што се покри со традиционална муслиманска наметка како би се сокрила од папараците додека влегуваше во клиниката. Сепак, ја издаде нејзиниот долгогодишен возач, кој папараците го препознаа, па така заклучија дека Жизел се крие под велот. Покрај возачот, една од двете жени носела сандали со отворени прсти, што е строго забрането кај муслиманките.

 

Возачот бил виден како носи две жени во клиниката, а медиумите јавуваат дека станувало збор за Жизел и нејзината сестра Рафаели, кои преку ноќ имале пластични операции. Ден после операцијата, возачот е виден како се враќа на истото место, каде ги зел двете жени и ги одвел назад во хотелот. Не се задржале долго, брзо се спакувале и отпатувале на петдневен третман во еден ексклузивен спа центар. Жизел наводно ги оперира градите и очите, за кои мислела дека се премногу опуштени после раѓањето на двете деца. Интервенциите чинеле 11 илјади долари.