Жизел Бундшен не ја крие својата страст кон јогата и медитацијата, а сега конечно има и достоен партнер. На Инстаграм профилот на супермоделот се појави фотографија на која Жизел вежба јога, а под неа, истата поза ја прави и нејзината двегодишна ќерка Вивиан. Жизел под фотографијата напишала: „Не можам тоа да го поднесам, каква љубов!“.

 

Бразилската убавица неодамна славеше роденден и истиот го честита на својата сестра близначка, Шарлин Ли. Иако се повлече од модните писти, Жизел минатата година заработи 47 милиони долари со своите аранжмани во кампањи за брендови како Шанел, H&M, Каролина Херера и многу други.