Најуспешната манекенка на светот Жизел Бундшен синоќа последен пат прошета по модните писти. После 20 години и повеќе од успешна манекенска кариера, убавата бразилка одлучи да се повлече од модните писти и да се бави со некои други гранки на модата, во кои, не се сомневаме, ќе биде исто така успешна. Долго најавуваната модна седмица во Сао Паоло веќе на големо се одржува, а Жизел избра токму овде по последен пат да прошета на модната писта.
Во првиот ред на ревијата на „Колочи“ седел сопругот на успешната манекенка Том Брејди, кој гордо ја бодрел својата сопруга. Во последнава година Жизел заработувала дури 128 илјади долари дневно, а со манекенство почна да се занимава на 14 години. Оваа мајка на две деца сега ќе има време малку повеќе да се посвети на семејството, што била нејзина желба, а неодамна рекла дека телото во еден момент и рекло дека е време да престане да се занимава со манекенство.