Славната манекенка Жизел Бундшен ја претставила новата колекција секси долна облека. Жизел важи за најплатена манекенка на светот со годишна заработувачка од вртоглави 45 милиони долари. Во новата колекција со својот изглед уште еднаш покажала зошто се наоѓа во самиот врв на светската модна индустрија.
Покрај презентирањето на моделите таа неодамна се вклучила и во нивното креирање. Таа за дизајнирањето изјавила дека дури е позабавно и од самото манекенство. Како и за повеќето супер модели никој не би помислил дека има дете. Таа во декември 2009 година го родила синот Бенџамин и многу брзо се вратила на модната сцена. Таа вели дека нема ништо поубаво на светот од тоа да се биде мајка.