Жизел Бундшен се фотографирала потполно гола за насовната страница на бразилското издание на модното списание Вог за месец мај. Таа уште еднаш покажа зошто е најплатена манекенка на светот. Манекенката, која сега ќе се посвети на семејството, ја поделила споменатата фотографија на својот инстаграм профил.
Менекнката покрај фотографијата напишала дека прославува 20 години од кариерата. Им се заблагодарила на сите кои биле дел од ова посебно издание. Освен оваа фотографија, Жизел во едиторијалот за списанието се појавува во четири провокативни пози, окружена со елементи на вода, воздух, земја и оган.