Долгоногата манекенка Жизел Бундшен, одлучила после 20 години кариера, конечно да оди во пензија. Бразилката рекла дека во последно време има се поголеми проблеми да ги усогласи мајчинските и професионалните обврски, и дека повеќе не сака семејството да и пати поради тоа.

Вели дека после 20 години на модниот врв, конечно самата може да бира што ќе прави. Затоа одлучила да се пензионира, и да биде „само“ мајка, како би можела во целот да му се посвети на своето семејство.