Жизел Бундшен, една од најплатените манекенки на светот, се нашла на удар на даночните служби откако станало јасно дека не платила данок на сума од 42 милиони долари. Инаку, убавата бразилка веќе со години е на листата на Форбс, поради што станала интересна за даночната управа.
Таа рекла дека Форбс ја ставил на листата објавувајќи дека заработила 42 милиони долари, а недолго после тоа од даночната служба ја повикале на разговор. Ги разгледале сите нејзини документи пред да им објасни дека она што го објавува Форбс не мора да биде вистина. Истрагата покажала дека се е уредно платено, а Жизел не открила колку точно заработила, велејќи дека заработува „добро“.