Најпопуларната бразилска манекенка и поранешен ангел на „Викторија сикрет“, Жизел Бундшен, се нашла на насловната страница на бразилското издание на списанието Вог.

Манекенката покажала дека и покрај тоа што има две деца, и понатаму може да се пофали со совршената линија. На насловната Жизел ја покажала и својата природна убавина, со оглед на тоа што не носела ни капка шминка.