Американското списание „Форбс“ ја прогласило бразилската убавица Жизел Бундшен за кралица на модните писти и најплатен светски супермодел. Таа без проблеми се нашла на првото место на листата најбогати, со заработка од 45 милиони долари, благодарение на договорите со куќите „Версаче“, „Еспирит“ и „Пантен“, но и од процентите од производите кои го носат нејзиното име. Жизел неодамна објавила дека го чека своето второ дете со сопругот Том Брејди.

На второто место на листата се нашла бротанската манекенка Кејт Мос, со заработка од 9,2 милиони долари од соработката со „Топшоп“, „Римел“ и „Манго“, а на третата позиција се нашла русинката Наталија Водјанова, која во изминативе 12 месеци инкасирала 8,6 милиони долари. Наталија, мајка на три деца, е заштитно лице за парфемите „Келвин Клајн“ и француската куќа „Жерлен“, а дизајнирала и сопствена колекција облека. Од четвртото до десеттото место на листата наплатени манекенки се Адриана Лима, Дацен Крос, Алесандра Амброзио, Миранда Кер, Лара Стоун, Керолин Марфи и Кендис Свонпул.