Иако изјавила дека се повлекува од светот на манекенството, бразилската убавица Жизел Бундшен одлучила да се впушти во уште една авантура. Имено, атрактивната манекенка лансирала своја линија долна облека, под називот “Gisele Intimate”.

Таа одлучила дека токму таа самата е најдобра реклама за оваа колекција, па се фотографирала за потребите на рекламната кампања. Изгледа дека пензионирањето сепак ќе мора да почека, барем додека манекенката не најде добра замена за себе во рекламирањето на колекцијата.