Жизел Бундшен на својот фејсбук профил поставила фотографија на која ја држи ќерката Вивиен. Ова е прв пат манекенката да го претстави своето двомесечно девојче на јавноста. Под фотографијата напишала дека љубовта е се. Супермоделот во декември минатата година ја родила ќерката Вивиен. Девојчето е второ дете на манекенката и нејзиниот сопруг Том, кои веќе го имаат тригодишниот син Бенџамин.

Рагби играчот, со поранешната девојка го има и петгодишниот син Џон. Жизел претходно изјавила дека ужива во улогата на мајка и дека сака големо семејство, додека Том е повеќе посветен на својата кариера, но сепак се сложил со тоа тие двајца да имаат четири деца.