Познатата манекенка Жизел Бундшен се фотографирала за насловната страна за јунското издание на списанието „Вог“ само два месеца по породувањето, и изгледала совршено. Бразилското издание на познатото списание содржи едиторијал каде може да се види совршеното тело на оваа манекенка. Фотографиите ги снимил познатиот Марко Тестино, кој бил толку воодушевен што договориле уште осум едиторијали.


Жизел во интервјуто, помеѓу останатото, раскажала дека тренирала и две седмици пред породувањето, па поради тоа и било многу лесно да ја поврати линијата. Рекла дека многу жени мислат дека кога ќе останат бремени можат да станат канта за ѓубре и во своето тело да внесуваат секаква храна. Таа едноставно тоа не го сакала. Има 32 години и две деца со рагби играчот Том Брејди.