Запознајте ја Патриција Бундшен, менаџерката на познатиот бразилски топ модел, која своевремено исто така се занимавала со манекенство. Манекенката Жизел Биндшен веќе со години важи за најсексипилна жена на светот. Атрактивната бразлика може да се пофали дека има сестра близначка која исто така е убавица.
Нејзиното име е Патриција Биндшен. Има 34 години и е огромна поддршка на својата позната сестра. Патриција некогаш и самата се занимавала со манекенство, но во меѓувреме се откажала. Моментално е менаџерка на Жизел. Омажена е и веќе четири години е во брак. Инаку, освен Патриција, Жизел има уште четири сестри, Ракел, Грациела, Рафаела и Габриела.