Бразилскиот супермодел Жизел Бундшен, која има 34 години, ја напушта модната писта и ќе ја замени со рекламни кампањи, пренесуваат медиумите. Нејзините претставници за медиумите наведуваат дека Жизел ќе биде фокусирана на специјални проекти и повеќе ќе се посвети на семејството кое е нејзин најважен приоритет.

 

Бундшен е најплатена манекенка на светот осум години по ред според листата на Форбс. Модната седмица во Сао Паоло ќе биде нејзина последна модна ревија. Во текот на нејзината кариера работела со многу познати модни имиња како што се Шанел, Валентино, Викторија Сикрет, Версаче, Лиј Витон…