Бразилката Жизел Бундшен според списанието Форбс деветта година по ред е најплатен супермодел на светот. Во изминатава година, оваа манекенка која во април се збогува со модните писти, заработи 44 милиони долари, што е за 35 милиони повеќе од Адриана Лима и Кара Делавињ, кои го делат второто место на листата со заработка од по девет милиони долари.

 

Трета е холанѓанката Дацен Крос со 7,5 милиони, четврта русинката Наталија Водјанова со седум милиони, а петтата позиција ја делат Миранда Кер и Џоан Смолс со по пет милиони. Форбс процени дека за разлика од Линда Еванџелиста која своевремено не стануваше од кревет за помалку од 10 илјади долари дневно, Жизел не станува од постела за помалку од 120 илјади долари по ден. Убавата бразилка ја прослави победата позираји топлес за парискиот „Вог“, за кој пред две години се фотографира потполно гола.