Светските топ модели го зазеле светот. Убавината е на цена која се брои дури со шест нули. Тоа го потврдила и листата на „Форбс“ за најплатените манекенки за 2010 година, според која тронот го носи преубавата бразилка Жизел Бундшен. Таа е неприкосновена убавица која веќе со години не слегува од првото место, а нејзиното вкупно богатство со оваа заработка може да се процени и на 200 милиони долари.
Таа само во изминативе три месеци заработила 40 проценти од вкупната продажба на „Пантен“ шампонот во Латинска Америка. Откога таа почнала да го рекламира, продажбата толку пораснала, што производителите морале да и понудат дел од заработувачката. Најважни ангажмани во нејзината кариера се кампањата за „True Religion Jeans“ и „Долче и Габана“. Таа има и своја козметичка линија, а огромни пари инкасирала и од продажбата на сандалите „ипанема“.