Супермоделот и една од најплатените манекенки на светот, Жизел Бундшен, се фотографирала за најновата колекција на брендот „Версаче Џинс“, за колекцијата пролет/лето 2012 година и уште еднаш покажала зошто со право се наоѓа во самиот врв во светот на модата.

Таа им позирала на фотографите Мерт Алас и Маркус Пизоу, а тоа резултирало со низа провокативни црно-бели фотографии кои ретко кого можат да остават рамнодушен. Фотографиите биле снимани во пустината Соноран во Калифорнија, а заедно со Жизел позирал и Рајан Барет. Тој е познат по кампањата која ја работел за „Долче и Габана“.